сѐ друго само ќе си дојде

Местоположбата на бемките открива каква личност сте!

Според кинеската астрологија, местополжбата на бемките може многу да открие за личноста, статусот, судбината и здравјето на човекот.

Сајмон Вонг, експерт за кинеска астрологија веќе 30 години, вели дека ваквата анализа на бемки често се користи во кинеската медицина.

Чело

Ако бемката е на средина од челото, тоа значи дека не комуницирате добро со надредените. А, ако се наоѓа на едната или другата страна, тоа вели дека сте мотивирана и енергична личност.

Веѓи

Кога бемката се наоѓа под веѓите тоа укажува на богатство. Ако бемката е скриена со веѓите тогаш тоа е знак за скриено богатство.

Доколку бемката е над веѓите тоа значи дека имате стабилен проток на пари во животот.

Капаци

Бемката на капакот на окото покажува на дисфункција во семејството, но и дека имате тенденција да губите пари.

Образ

Ова значи дека сте осамени и не можете да создадете семејство. Ако имате бемка како Мерлинка, во аголот на образот, тогаш сте предодредени за несреќи.

Уши

Бемката на надворешната страна на увото кажува дека вие сте позитивна личност, со добра репутација.

Ако имате бемка во внатрешноста, тоа значи дека ќе имате долг живот, а ако имате на врвот на увото, тоа значи дека сте многу паметни.

Нос

Ако имате на врвот на носот, бидете внимателни! Ова посочува на нестабилност и константни проблеми во иднина.

Бемката на коренот на носот го „прекинува“ протокот на енергија и симболизира затвореност и проблеми.

Гради

Градите симболизираат моќ, а бемката на ова место покажува висок социјален статус.

Усни

Бемката во левиот или десниот агол на горната усна говори дека уживате во храната, дека сте дарежливи и дека сакате скапи работи.

Бемката на долната усна покажува дека децата ќе ви бидат успешни.

Врат

Вратот ги поврзува главата и телото, односно духовниот и телесниот дел кај секој човек. Бемката на ова место го прекинува протокот на

енергија и укажува на тоа дека ќе имате големи разочарувања во животот.

Рака

Бемките под лактот покажуваат дека сте емотивни, а помеѓу рамената и лактот покажуваат дека лесно доаѓате до пари.

Стомак

Папокот по кинеската астрологија е извор на богатство, па бемката најблиску до центарот покажува дека ќе имате среќа во животот.

Дланки

Бемката на дланките открива дека сте вешти со рацете и со нив ќе заработите многу пари.

Брада

Ако имате бемка на брадата тоа значи дека сте одлучни и тврдоглави. Оваа позиција на бенка укажува и дека имате потреба за промена и патување.

Грб

Бемката на грб покажува дека носите некој товар, па мора многу да работите да се ослободите од него.

Нозе

Бемката на бутините претставува сексуалност и означува дека личноста е храбра и екстровертна.

Ако се наоѓа на листовите значи дека може да имате проблеми ако премногу вежбате.

Стапала

Ако имате бемка на табаните, тоа значи дека сте добри во вода. Стапалата претставуваат патување и марширање, што значи дека луѓето ве следат без проблем.

Задник

Овој дел од телото се побрзува со храна и пари. Бемката на задникот укажува на добра репутација, дарежливост и хуманост.

Коментари

коментари