Масовно труење со храна во менза на фабрика во Штип, 21 работник завршиле во болница!

Со симптоми на труење 21 работник завршија во Клиничката болница Штип. Државниот санитарен и здравствен инспекторат ја затвори мензата во штипската фабрика Актива поради сомневање дека таму се затруле работниците. Кај вработените бработените во фабриката по ручекот се јавиле мачнини проследени со повраќање и дијареа.

– Во текот на вчерашниот ден, од некаде од 13 часот до вечерта до 20 часот на инфективното одделение во штипската клиничка болница се имаат јавено 21 лице со симптоми на повраќање и дијареа. Укажана им е лекарска помош и сите се пуштени на домашно лекување-изјави Ален Георгиев, директор на Клиничка болница-Штип

Од раководството на фабриката велат дека сеуште се вршат испитувања и дека ги чекаат резултатите од санитарната инспекција. Се претпоставува дека труењето е од храна, за патоа и инспекторите вршат анализа на мострите земени од местото каде се приготвува храната од фирма специјализиарана за тоа. Директорот на фабиката Илија Николов додаде дека тие како компанија итно реагирале и веднаш по првите симптоми работниците се однесени во болница, а дел од нив веќе се вратиле на работните места.

Коментари

коментари