Македонските ученици се со искривен рбет, рамно стопало или кратковидост! – Алармантни податоци од систематските прегледи

Над 11 илјади основци и околу 5 000 средношколци имаат искривен рбет. Продолжува трендот на поразителни бројки од систематските прегледи на учениците. Од посетата во школските диспанзери минатата година, тимовите констатирале дека е голем процентот на млади кои имаат лошо држење на телото а речиси секое десетто дете носи наочари за вид.  Со рамно стопало се околу 10 000 ученици од основни училишта. Лекарите алармираат дека најзагрозени се децата од 10 до 15 години .

-Најзастапени се сколиози во петто одделение и тоа подеднакво и кај двата пола. За подоцна, пак, сколиозата е позастаепна кај женскиот пол а кај машките лондроза или подгрбавеност. Тој период од возраста е најризичен затоа што тогаш децата растат, односно, пубертетот почнува тој период, вели др. Соња Ралева, од школскиот диспанзер во Бит Пазар.

Лекарите се разочарани што е мал процентот на родители кои сериозно ја сфаќаат работата и се случува кај ученик на кој во трето му утврдиле деформитет на градниот кош, истото да го има и на систематскиот преглед во петто одделение.

-По систематскиот преглед во оваа ординација, речиси секој трет ученик излегува со утврдена сколиоза, кифоза и или кратковидост и со препорака за понатамошен лекарски преглед.

Постојаното седење пред компјутер и телефон и немањето на физичка активност, според лекарите е погубно за здравствената состојба на децата. Дополнителен проблем се и тешките ранци како и лошото седење во школските клупи.

-Се апелира до родителите да се преземе нешто, но тоа да не биде краткорочно, бидејќи проблемите не доаѓаат за еден ден и не исчезнуваат за еден ден. Мора да се преземат системски мерки, поголем ангажман на родителите, но и наставниците во училиштата да бидат повеќе ангажирани, вели др. Ралева.

Покрај искривеноста на рбетот, голем број од младината има проблем и со гојазноста како и со кариесот кој е присутен кај 17 процвенти од основците.

 

Систематски прегледи во основни и средни училишта 2017

Основци- 60701 прегледани:

Деформитети на рбетен столб – 11 013 – 18,1%

Лошо држење на телото – 10 888 – 17,9%

Деформитети на стопало – 9809 – 16,2%

Проблеми со видот – 5407 – 8,9%

 

Средношколци – 22729 прегледани:

Деформитети на рбетен столб – 4912 – 21,6%

Лошо држење на телото – 4365 – 19,2%

Деформитети на стопало – 1706 – 7,5%

Проблеми со видот – 2866

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.