Каде грешите кога држите диета?

1. Претерувате со здравите намирници

Мислите дека „добрите“ калории не се бројат? Житарките се можеби здрави, ама доколку претерате со нивниот внес, тешко дека ќе успеете да ослабете.

2. Се откажувате од одреден вид на храна

Повеќето диети го ограничуваат консумирањето на конкретни намирници, така што драстично се смалува внесот на јаглехидратите, протеините и мастите како важни нутритиенти за секој организам. Истото може да има и спротивен ефект од посакуваниот – дебелеење, нервоза или проблеми со варењето на храната. Поради тоа, не е препорачливо потполно откажување од одреден вид на храна. Потребна ви е златна златна средина – не премногу, но ниту премалку.

3. Ги прескокнувате оброците

Таквиот пристап, всушност, ќе ви одземе енергија, а како последица на повеќечасовното изгладнување, организмот ќе почне да троши на сметка на мускулите, а ќе го забави метаболизмот. Според советите на експертите, оптимално е да имате пет оброци во денот – три главни и два меѓуоброка.

4. Ги јадете своите чувства

За луѓето кои се под стрес и со постојани обврски, прејадувањето може да биде момент на слобода. Обидете се да запишете како се чувствувате пред да посегнете по храна, па воочете ја поврзаноста помеѓу своите чувства и она што и колку јадете. На тој начин, механизмот на прејадување по стресната ситуација ќе може да го замените со некоја друга навика, како вежбање, танц или нешто сосема трето.

5. Верувате во брзи поправки

Драстичниот план за слабеење, како би блеснале на свадбата или забавата која наскоро ве очекува, може да ви предизвика главоболка, нервоза, лошо расположение, умор, глад или она најлошото – само привремено губење на килограмите.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.