сѐ друго само ќе си дојде

Доктор Синоличка Џамбазова со нови искуства за хирургијата на рака се врати од стручниот престој во Англија

Истражувачкиот центар на Англија (orthopaedic research UK ) заедно со кралската Болница во Лондон (KINGS COLLEGE HOSPITAL ) организираа стручна средба во септември со еминентни хирурзи за рака (Oxford, King’s College Hospital, St Georges Hospital, Nuffield Orthopaedic Centre, Southend Hospital NHS Trust, St Richard’s Hospital, London Sports Orthopaedics ).

– Најновите научни сознанија за Dupuytren-овото заболување, како и причините за негово појавување, професорот од Оксфорд  ги сподели, презентирајки неверојатни истражувачки податоци (34 од 100.000 мажи во В.Б. заболуваат од Dupuytren ).Бројката на овој вид заболување кое е многу често, доминантно кај мажите и во Македонија е многу голема, изјави за samozdravje.mk д-р Синоличка Џамбазова.

Според неа на стручната средба биле презентирани бројни најсовремени хируршки пристапи во лекувањето на многу состојби на раката, огромен број студии изведени на големи групи пациенти.

– Голем акцент во студиите кај огромната група пациенти со ревматски заболувања (болка, вкочанетост, деформитет) беше ставен на имплантите на малите зглобови како и на wide awake surgery кај пациенти со Ревматоиден Артритис .Оваа стручна средба пред се значи побрз, поефикасен и поедноставен пристап во детектирање и лекување на нашите пациенти, додаде д-р Џамбазова.

Д-р Синоличка Џамбазова е поканета да биде предавач на Европскиот конгрес за микрохирургија мај 2018 година.

Коментари

коментари