сѐ друго само ќе си дојде

Дали треба да почнете љубовна врска со најдобриот пријател?

Не е ретко пријателството да прерасне во љубовен однос, меѓутоа во таква врска работите малку се специфични.

Ако меѓу вас и вашиот најдобар пријател се раѓаат некои емоции, може да се впуштите во авантура, но постојат шест работи кои мора да ги знаете, како што истакнува порталот Index.hr:

Ќе го уништите пријателството

Треба да се охрабрува преземањето на по некој ризик во животот, но важно е претходно да знаете дека во овој случај, ако работите не успеат, тешко дека вашиот однос ќе се врати на старо. Поточно, речиси е невозможно.

Нема фаза на запознавање

Со други зборови, заборавете на вообичаените први состаноци, во кои се запознавате.

Минато

Иако порано не ви пречеле приказните за неговите т.е. нејзините авантури со други девојки т.е. момчиња, одеднаш би можеле да се присетите на се и сега таквите приказни и тоа како би можеле да почнат да ви пречат. Но, од друга страна, тоа сепак е минато.

Првиот секс ќе биде чуден

Посебно ако сте го гледале како брат, т.е. сте ја гледале како сестра, а не само како пријател или пријателка.

Не знаете баш се

Иако се дружите веќе со години, бидете сигурни дека не сте ги виделе баш сите негови т.е. нејзини лица, како и тој или таа во вас.

Разочарување

Мора да сте свесни за фактот дека кога тој т.е. таа ќе ве разочара, тоа ќе биде полошо од било која врска до тогаш. Тој т.е. таа добро ве познава, така да сигурно знае и како да ве повреди.

Коментари

коментари