сѐ друго само ќе си дојде

Дали шминката треба да се чисти со влажни марамици?

Жените долго се бореле со препарати за бришење на шминката, бидејќи често им донесувале повеќе штета од корист. Најголем проблем е како да се најде соодветен козметички препарат кој ќе одговара на вашиот тип на кожа. Тоа е причина зошто многу дами не посветуваат внимание на кожата на лицете по нанесувањето на шминката. Млекото и хидратантните туфери отидоа во заборав кога на пазарот се појавија влажните шамивчиња за бришење на шминка. Веднаш се најдоа во употраба кај многу девојки.

Тоа изгледа како вистинско решение бидејќи лесно е и многу едноставно. Со шамивчето поминувате неколку пати преку лицето, ја бришете шминката и мислите дека се е завршено.

Меѓутоа, дали сте знаеле дека токму овие шамивчиња предизвикуваат создавање на акни, мозолки и брчки на лицето? Многу студии покажале дека тие не ја чистат темелно кожата од нечистотии и шминка, туку само ја разнесуваат нечистотијата која се собрала на вашето лице преку денот. Покрај тоа, течноста со која се натопени влажните шамивчиња може да содржи состојки кои не одговараат на вашата кожа.

Проблемот се јавува и кога ја бришете водоотпорната маскара и сенка за очи, бидејќи така повлекувате нагли и груби движења кои можат да создадат ситни брчки околу очите. Иритирањето на тенката кожа околу очите создава црвенило, оток и поткожни бубулици. За да го спречите тоа најдобро решение е влажните шамивчиња да ги држите неколку секунди на лицето, за тоа да ја впие течноста со која се натопени. На тој начин ќе ја растворите шминката која така полесно се брише.

Коментари

коментари