сѐ друго само ќе си дојде

Дали кремите против акни се штетни?

Кремите против акни кои се издаваат без рецепт може да бидат опасни по здравјето предупредува FDA. Тие може да предизвикаат сериозна алергиска реакција, потенцијално опасна по живот. Меѓу кремте кои веќе предизвикале таква реакција се Proaktiv, Neutrogena, MaxClarity, Ambi, Aveeno, пренесува Fox News.
Можни последици од алергиската реакција се затегнување на грлото, скратен здив, несвестица, и потечени очи, лице, усни и јазик. Корисници кои приметат вакви симптоми треба веднаш да престанат со користење на кремата предупредува FDA. Првите симптоми најчестo се јавуваат неколку минути по употреба, но може и по неколку дена.
Сериозни симптоми се ретки, и во периодот од 1969.-2013 биле пријавени 131 жалба. Не е евидентиран смртен случај, но во 44 отсто од случаите имало потреба од лекарски третман.
Симптомите се поврзуваат со кремите кои содржат салицилна киселина и бензоил пероксид, но не може да се утврди со сигурност дали се предизвикани од една состојка или од комбинација на двете.

Коментари

коментари