Дали е лошо ако јадете иста храна секој ден?

Се случува често да се западне во рутина и секојдневно да ја подготуваме или купуваме истата храна секој ден. Но, секојдневен ѓеврек за појадок, сендвич за ручек и месо и салата за вечера може да бидат штетни за вашето здравје.

– Поразновидната храна универзално доведува до поголем внес на храна – вели Сузан Робертс, директор на лабораторијата за метаболизам при Универзитетот Тафтс.

Според неа, ниедна храна не ги содржи сите хранливи состојки кои ни се потребни во оптимална количина, што значи дека јадењето на разновидна храна ги зголемува шансите за тоа.
Едно истражување покажало дека жените кои јаделе 16 до 17 производи од една листа на здрава храна го намалиле ризикот за смрт од која било причина за 42 проценти во споредба со жените кои јаделе помалку од 9 производи од листата.

Едно истражување покажало дека луѓето кои постојано јадат една иста храна се помалку здрави од оние кои јадат разновидна. Имено, лицата кои конзумираат разновидна храна имале 21 отсто помали шанси за развој на метаболички синдром – збир на здравствени состојби кои вклучуваат висок крвен притисок, висок шеќер во крвта и зголемување на мастите во телото, што ги зголемува шансите за појава на срцеви заболувања и дијабетес.

Внесувањето на разновидна храна исто така промовира бактериска разновидност во стомакот што може да биде клучна за одржување на телесната тежина.

Значи, најдобро е да внесете по нешто од сите главни групи – овошје и зеленчук, цели зрна, ниско-масни млечни производи, протеини и добри масти за да го одржите вашето здравје во најдобар ред.

Коментари

коментари