сѐ друго само ќе си дојде

Ботоксот може да биде и корисен!

По користење на ботоксот за проблеми со прекумерно потење, овој популарен апарат за мазнење брчки доби нова медицинска цел. Лекари во Велика Британија и САД го користат за лекување на аритмија, или неправилна работа на срцето, пренесува Daily Mail. Ботокс инјекциите се ставаат околу масното ткиво што го опкружува срцето со цел да ги парализира нервите одговорни за неправилна работа на срцето, велат експертите.

Неправилната работа на срцетое проблем со кој обично се соочуваат постарите, па така 10 отсто од оние постари од 80 години имаат редовни напади на артријална фибрилација, што резултира со тахикардија и прескокнување на срцето. Иако оваа состојба не е директно опасна по живот, сепак, може да доведе до оштетување на срцето. Ризик фактори за аритмии се висок крвен притисок, висок холестерол и пушење. истражување на Универзитетот Колумбија покажа дека Ботокс инјекциите ги редуцираат симптомите на аритмија за околу 50 проценти. Ефектот на ботокс може да биде важен олеснувач во третманот на аритмии, како и пред операција на срцето е ставот на експертите.

Коментари

коментари