Абортирало 13 годишно девојче штитеничка на Домот “25 мај “во Скопје откако било сексуално злоставувано

13-годишно девојче штитеничка на домот за деца “25 мај “во Скопје пред неколку дена абортирало откако било сексуално злоставувано. Ова го обелодени Европскиот центар за правата на ромите со седиште во Будимпешта. Според нивните информации во март минатата година малолетничката била принудно земена од од страна на постар маж од домот и однесена во друг град каде била принудувана на сексуални односи и физичка работа. Од меѓународната организација тврдат дека пред да објават за овој скандалозен случај лично разговарале со девојчето.

Од труд и социјала ги отфрлија обвинувањата дека детето било силувано во домот. Тврдат дека целосно биле запознаени со нејзиниот живот и се сомневаат дека е жртва на сексуална експоатација односно простититуција. Детето било одземено од родителите во 2011 поради питачење и од тогаш државата му е старател. Било сместувано во повеќе згрижувачки семејства и во двете институции “25 мај” и “Ранка милановиќ”. Од министерството брифираат дека во септември минатата година малолетничката била најдена во близина на МКЦ каде девојки нелегално си го продаваат телото и за ова од Центарот пријавиле во полиција. Таа потврдила дека имала договор со дечкото кој најверојатно и бил макро да заработуваат на ваков начин пари. Од МТСП изјавија дека и покрај сознанијата не можеле да и забранат да не го напушта домот бидејќи бил од отворен тип и тоа било против законски.

-Министерството за труд и социјална политика ги испитува сите околности и постапувања на надлежните установи, а во меѓувреме ја обезбедува неопходната психо – социјална поддршка за малолетната жртва, стои во соопштението од МТСП.

Од МВР соопштија дека истото девојче 9 пати било пријавувано за исчезнато од страна на вработени во социјално згрижувачки установи.

-Во документираните случаи, разговарано е со лица инволвирани во незаконски дејствија од областа на кривични дела против половата слобода, за што се направени детални известувања доставени во надлежното ОЈО за натамошно постапување, стои во соопштението од МВР.

Не само за 13 годишното девојче кое абортирало во истиот извештај меѓународната организација алармираат за уште еден случај во кој сексуално биле злоставувани 2 сестри на 13 и 16 годишна возраст исто така штитенички на домот 25 мај.

Од првата детска амбасада Меѓаши бараат одговорност и детално да се истражат случаите.

За случајот со 13 годишната штитеничка на државата Европскиот центар за правата на ромите најави тужби против домот, центарот за социјални работи и министерството.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.